XI (единаесетто) — Стручно 3-год › ТРИГОНОМЕТРИСКИ ФУНКЦИИ ОД ОСТАР АГОЛ
Дефиниција на тригонометриски функции од остар агол и комплементни агли
Запознавање со дефинициите за тригонометриски функции од остар агол и функции од комплементни агли. Учениците преку активности и вежби ги усвојуваат дефинициите и решаваат задачи од практична примена.
Стандарди за оценување
ги искажува дефинициите за тригонометриски функции од остар агол и дава примери
ја искажува дефиницијата за комплементни агли и својството за изразување на функции со кофункции и обратно
дава примери на тригонометриски функции за различно означени правоаголни триаголници и од комплементни агли
Активности и методи
Учениците цртаат правоаголен триаголник на хартија, ги обележуваат страните (наспрема агол α, припојна, хипотенуза) и ги запишуваат дефинициите на sin, cos, tan, cot за двата остри агли.
Работен лист: дадени се 4 правоаголни триаголници со различно поставени агли и означување — учениците пополнуваат табела со сите 4 тригонометриски функции за означениот агол.
Активност во парови: еден ученик цртае произволен правоаголен триаголник и го означува еден агол, другиот ги пишува тригонометриските функции за двата остри агла и проверува своикството за комплементни агли.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →