IV (четврта) — Гимназиско › ФУНКЦИИ И ГРАНИЧНИ ВРЕДНОСТИ НА ФУНКЦИИ
Реална функција и својства
Начини на задавање на функција; Парност и непарност; Монотоност; Ограниченост; Екстремни вредности; Периодичност.
Стандарди за оценување
Го објаснува и користи поимот функција, ги наведува начините на задавање и одредува дефинициона област.
Дефинира парност, непарност, ограниченост и монотоност на функција.
Дефинира и одредува екстремни вредности на функција.
Дефинира и испитува периодичност и одредува периода на некои тригонометриски функции.
Активности и методи
Иницирање активности во врска со поимот функција (фигура и нејзина слика во огледало). Со помош на f(x)=x² и f(x)=x³ се воведуваат парна и непарна функција.
Графичко прикажување на функција со екстремни вредности и периодична функција пред искажување дефиниции.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →