Пишува редни броеви до најмалку стоти број. Препознава и именува парни и непарни броеви до 1000. Формира низа од броеви за два поголеми или за два помали од даден број до 1000.
Стандарди за оценување
Пишува редни броеви до најмалку стоти број.
Препознава и именува парни и непарни броеви до 1000.
Формира низа од броеви за два поголеми или за два помали од даден број до 1000.
Активности и методи
Запишување редни броеви под буквите од азбуката и креирање зборови со именување на редните броеви.
Изработка на табела со родендени на членовите на групата и именување на редниот број на роденденот во годината.
Игра „Асоцијации“ со загатки за редни броеви (пр. кој број е 25 места пред 50).
Игра „Меморија“ на отворено со спарување редни броеви запишани со цифри и зборови.
Запишување на редниот број со зборови на пластифицирани картички.