Одредува месна вредност на цифрите (единици, десетки и стотки) на конкретен трицифрен број. Разложува трицифрен број на стотки, десетки и единици. Заокружува двоцифрени броеви до најблиската десетка и трицифрени броеви до најблиската десетка и стотка.
Стандарди за оценување
Одредува месна вредност на цифрите (единици, десетки и стотки) на конкретен трицифрен број.
Разложува трицифрен број на стотки, десетки и единици.
Заокружува двоцифрени броеви до најблиската десетка и трицифрени броеви до најблиската десетка и стотка.
Активности и методи
Играње онлајн игри (ABCya) за одредување месна вредност („Place value hockey“).
Креирање трицифрен број од извлечени цифри со лизгачки ленти и одредување Е, Д, С.
Формирање најголем и најмал можен трицифрен број од три извлечени цифри.