Препознава дека една половина се пишува 1/2, една четвртина 1/4, итн. Препознава кои форми се делат на половина/четвртина. Покажува половини и четвртини од групи предмети до 40. Објаснува дека 2/2 или 4/4 прават едно цело, а 1/2 и 2/4 се еднакви.
Стандарди за оценување
Препознава дека една половина се пишува 1/2, една четвртина 1/4, итн.
Препознава кои форми се делат на половина/четвртина.
Покажува половини и четвртини од групи предмети до 40.
Објаснува дека 2/2 или 4/4 прават едно цело, а 1/2 и 2/4 се еднакви.
Активности и методи
Поставување и решавање проблеми за таблиците со 1, 2, 4, 5 и 10 по групи.
Превиткување хартија, сечење и именување на половини и четвртини.
Делење пита/пица од пластелин на еднакви делови (половина, четвртина).
Спојување половини и четвртини од пица за да се добие цело и споредба на деловите.
Превиткување форми од хартија за да се препознае кои се делат на половина/четвртина.