IV (четврта) — Гимназиско › ДИФЕРЕНЦИЈАЛНО СМЕТАЊЕ
Извод на функција
Нараснување на функција; Дефиниција на извод; Изводи на елементарни функции; Извод од збир, производ и количник; Извод на сложена функција; Извод од повисок ред; Диференцијал на функција.
Стандарди за оценување
Го одредува нараснувањето на функцијата и го интерпретира геометриски.
Искажува дефиниција за извод на функција, лев и десен извод и запишува соодветна ознака.
Одредува изводи по дефиниција, изведува формули за извод од збир, производ и количник и составува/користи таблица на изводи.
Одредува извод на сложена функција, како и втор извод и извод од повисок ред.
Геометриски интерпретира диференцијал на функција и пресметува приближна вредност во близина на дадена точка.
Активности и методи
Графичко претставување и објаснување на нараснувањето, па решавање задачи; изведување формули за извод и составување таблица.
Графичка интерпретација на диференцијал на функција за пресметување приближна вредност.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →