XI (единаесетто) / II (втора) година — Гимназиско › КВАДРАТНА ФУНКЦИЈА, КВАДРАТНА НЕРАВЕНКА И СИСТЕМ ОД КВАДРАТНИ НЕРАВЕНКИ СО ЕДНА НЕПОЗНАТА
Квадратна функција
Квадратна функција, парабола, каноничен вид, нули на квадратната функција, теме на квадратна функција (−b/2a, (4ac−b²)/4a), завртена нагоре/надолу, дефинициона област, множество вредности, оска на симетрија, екстремни вредности, интервали на растење и опаѓање, знак на квадратна функција.
Стандарди за оценување
Дефинира и препознава квадратна функција.
Црта график на елементарната функција y=ax² со користење на табела на вредности.
Црта график на функцијата y=ax²+c, со транслација на основниот график.
Ја трансформира функцијата y=ax²+bx+c во каноничен вид.
Црта график на функцијата y=a(x−α)²+β.
Скицира график на квадратна функција со помош на карактеристични точки.
Испитува тек и црта график на квадратна функција.
Решава задачи со примена на екстремни вредности и интервали на растење и опаѓање.
Одредува знак на квадратна функција.
Ги применува знаењата за квадратна функција во решавање на проблеми од реален контекст.
Решава проблеми кои се сведуваат на графичко решавање на систем од една линеарна и една квадратна равенка со две променливи.