Равенки што се сведуваат на решавање на квадратни равенки (биквадратна равенка, ирационална равенка); Систем од една линеарна равенка и една равенка од втор степен со две непознати.
Стандарди за оценување
Препознава дробно рационални равенки, одредува дефиниционо множество и ги сведува на линеарна или квадратна равенка.
Решава и дискутира решенија на дробно рационални равенки со параметри.
Дефинира, препознава и решава биквадратна равенка и проверува колку и какви корени има.
Дефинира, препознава и објаснува ирационална равенка.
Воочува кои ирационални равенки имаат реални решенија и го одредува дефиниционото множество.
Решава ирационална равенка која се сведува на линеарна или квадратна равенка и ги дискутира решенијата.
Објаснува што е систем од една линеарна и една квадратна равенка со две променливи и го решава.
Проверува дали подреден пар реални броеви е решение на даден систем.
Активности и методи
Решавање реални проблеми кои се сведуваат на систем од линеарна и квадратна равенка.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →