Видови квадратни равенки; Решавање на неполна и полна квадратна равенка; Дискусија на решенијата на полна квадратна равенка; Врска меѓу корените и коефициентите на квадратна равенка (Виетови формули); Разложување на квадратниот трином на линеарни множители.
Стандарди за оценување
Дефинира и идентификува квадратна равенка и објаснува кога равенката е во нормален вид.
Сведува дадена равенка до општ вид и ја запишува од општ во нормален вид.
Идентификува полна и неполна квадратна равенка и одредува кога некој број е нејзино решение.
Решава равенка од видот g(x) · h(x) = 0.
Решава и дискутира решенија на неполна квадратна равенка од видот ax² + bx = 0 и ax² + c = 0.
Решава поедноставни примери на неполни параметарски квадратни равенки.
Решава полна квадратна равенка со формулата за корените.
Објаснува што е дискриминанта и дискутира за решенијата според неа.
Решава полна параметарска квадратна равенка.
Ја користи теоремата за врските меѓу корените и коефициентите на квадратната равенка (Виетови формули).
Составува квадратна равенка чии корени се дадени и ги користи Виетовите формули за проверка.
Разложува квадратен трином на линеарни множители и решава задачи со негово разложување.
Решава проблеми од практиката кои се сведуваат на решавање квадратна равенка.
Активности и методи
Употреба на методот „сложувалка" и „инсерт-методот" за видовите квадратни равенки.
Читање на целиот текст на задачата, нејзина анализа и посочување модели за решавање одредени типови задачи.
Барање самостојно креирање план за решавање на квадратната равенка.
Создавање проблемски ситуации врз основа на пропусти во писмените проверки, кои учениците ги решаваат преку групна или тандемска работа.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →