Прибирање, обработка, претставување и толкување на податоци
Собирање и класификација на податоци; табели; столбести, линиски, пита дијаграми, пиктограми, дијаграми на фреквенција, дијаграми со точки, хистограми со еднакви и нееднакви интервали; аритметичка средина, медијана, мод, ранг.
Стандарди за оценување
Собира, класифицира и составува табели на податоци.
Чита, интерпретира и донесува заклучоци од табели и дијаграми.
Црта и чита столбести дијаграми, линиски, пита, пиктограми, дијаграми на фреквенција, дијаграми со точки, хистограми со еднакви и нееднакви интервали.
Пресметува аритметичка средина, медијана, мод и ранг за дадени податоци.
Обработува и толкува податоци со користење на софтверски програми за табеларни пресметувања.
Активности и методи
Истражувачка активност: Собирање податоци за времето кое 15-годишниците го поминуваат на социјалните мрежи и за едукација на интернет — табеларно и графичко претставување, анализа со образовен софтвер.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →