X (десетто) — Гимназиско › АЛГЕБАРСКИ РАЦИОНАЛНИ ИЗРАЗИ
Цели рационални изрази
Моном, бином, тричлен, полином; операции со полиноми; формули за скратено множење; разложување на множители; НЗС и НЗД на полиноми.
Стандарди за оценување
Разликува моном, бином, полином и ги извршува операциите со нив.
Ги применува формулите за скратено множење за разложување полиноми.
Разложува цели рационални изрази од облик: ax+bx+kay+kby; a²x²−b²y²; a²+2ab+b².
Одредува НЗС и НЗД на полиноми.
Разложува полиноми на множители и упростува цели рационални изрази.
Активности и методи
Индивидуална активност: Одредување на должина на страна на многуаголник кај кој периметарот (или плоштината) и останатите страни се зададени со полиноми.
Групна задача (лавиринт): Движење од СТАРТ до ЦЕЛ со решавање изрази — преминување во соседно поле само ако добиениот резултат се совпаѓа со бројот во следното поле.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →