X (десетто) — Гимназиско › БРОЕВИ И ОПЕРАЦИИ СО БРОЕВИ
Множество на реални броеви
Множество на реални броеви (ℝ), реални броеви, интервал (отворен, полуотворен, затворен), пресек и унија на интервали.
Стандарди за оценување
- Ги разликува и објаснува својствата на природните броеви, целите броеви, рационалните броеви, ирационалните броеви и реалните броеви.
- Разбира кои се прости и сложени броеви и ги разложува сложените броеви на прости множители.
- Користи НЗС и НЗД при решавање на примери од деливост во ℕ.
- Пресметува вредност на броен израз со реални броеви, користејќи правилен редослед на операции и со користење на големи загради.
- Проценува, заокружува и пресметува бројни изрази во проблемски ситуации со различно ниво на сложеност.
- Ја разбира и одредува апсолутна вредност на реален број и дава геометриска интерпретација.
- Ги објаснува интервалите и геометриски одредува пресек и унија на интервали.
Активности и методи
- Индивидуална активност: Креирање број според зададени услови (делив со 5, поголем од 50, квадрат на некој број) и објаснување на постапката.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт.
Отвори во MisMath AI →