IX (деветто) Одделение › БРОЕВИ И ОПЕРАЦИИ СО БРОЕВИ
Степени и корени
Ја користи еднаквоста меѓу 0,1; 1/10 и 10^-1. Множи и дели со степен со основа 10 и показател цел број. Степенува степен, производ и количник на степени. Упростува изрази со операции со степени со еднакви основи. Наоѓа квадратен и кубен корен со користење на калкулатор.
Стандарди за оценување
Ја користи еднаквоста меѓу 0,1; 1/10 и 10^-1.
Множи и дели со степен со основа 10 и показател цел број.
Степенува степен, производ и количник на степени.
Упростува изрази со операции со степени со еднакви основи.
Наоѓа квадратен и кубен корен со користење на калкулатор.
Активности и методи
Групно решавање проблеми за воочување на еднаквоста меѓу 0,1, 1/10 и 10^-1 и подредување картички со степени.
Упростување изрази со операции со степени со еднакви основи во групи.
Ротација на групи за решавање задачи со степени, квадратни и кубни корени и проверка на туѓи решенија.
Проценка и пресметување (со калкулатор) на квадратни и кубни корени во парови.