IX (деветто) Одделение › БРОЕВИ И ОПЕРАЦИИ СО БРОЕВИ
Реални броеви
Ги препознава и објаснува ирационалните и реалните броеви. Ги претставува и споредува реалните броеви на бројна права. Ја објаснува и користи врската меѓу N, Z, Q, I и R. Заокружува периодични и ирационални броеви. Ги објаснува видовите интервали (отворен, затворен, полуотворен) и геометриски ги претставува. Одредува и геометриски претставува пресек и унија на интервали.
Стандарди за оценување
Ги препознава и објаснува ирационалните и реалните броеви.
Ги претставува и споредува реалните броеви на бројна права.
Ја објаснува и користи врската меѓу N, Z, Q, I и R.
Заокружува периодични и ирационални броеви.
Ги објаснува видовите интервали (отворен, затворен, полуотворен) и геометриски ги претставува.
Одредува и геометриски претставува пресек и унија на интервали.
Активности и методи
Истражување за ирационални броеви (π, √2, √3), нивно претставување на бројна права и презентација.
Математички диктат за геометриско претставување на ирационални броеви на бројна права (цртање квадрат, дијагонала, кружен лак).
Корелација со ликовно: Цртање спирала од ирационални броеви со надоградување на следен корен.
Класифицирање реални броеви во категории со визуелни прикази и техника „Вртелешка“ за дополнување.
Заокружување реални броеви (периодични и ирационални) во парови и меѓусебна проверка.