Конструира триаголници (рамностран, рамнокрак, правоаголен) со дадени елементи. Оправдува складност на триаголници според признаците САС, АСА и ССС. Ја применува Питагоровата теорема кај триаголници и четириаголници. Ги користи својствата на трапез, правоаголник, квадрат, ромб и делтоид. Конструира паралелограм и впишана/опишана кружница кај квадрат/правоаголник.
Стандарди за оценување
Конструира триаголници (рамностран, рамнокрак, правоаголен) со дадени елементи.
Оправдува складност на триаголници според признаците САС, АСА и ССС.
Ја применува Питагоровата теорема кај триаголници и четириаголници.
Ги користи својствата на трапез, правоаголник, квадрат, ромб и делтоид.
Конструира паралелограм и впишана/опишана кружница кај квадрат/правоаголник.
Активности и методи
Конструкција на рамностран триаголник со дадена висина или тежишна линија и проверка со софтвер.
Конструкција на рамнокрак и правоаголен триаголник според дадени елементи на работен лист.
Анализа и докажување складност на триаголници според признаците САС, АСА, ССС.
Истражувачка активност за Питагорова теорема во 5 групи (историја, Питагорови дрва, геотабла, проблеми, составување задачи),.
Решавање проблем „Помогни му на Сабри“: Навигација во пустина со примена на Питагорова теорема.