Ги користи својствата на агли со заемно паралелни и заемно нормални краци. Ја објаснува врската меѓу периферниот и централниот агол над ист кружен лак. Ги именува деловите од круг (исечок, отсечок, прстен).
Стандарди за оценување
Ги користи својствата на агли со заемно паралелни и заемно нормални краци.
Ја објаснува врската меѓу периферниот и централниот агол над ист кружен лак.
Ги именува деловите од круг (исечок, отсечок, прстен).
Активности и методи
Цртање, мерење и класификација на агли со заемно паралелни и заемно нормални краци преку картички.
Истражување на врската меѓу централен и периферен агол со користење на стиропор, конец и иглички.
Дизајнирање плочки за бања/кујна со кружни шари составени од делови од круг.
Игра со картички (прашање-одговор) за поимите поврзани со агол и круг.