Објаснува и пресметува квадрат на број за броеви до 10. Множи и дели броеви од 1 до 10 000 со 10 или 100. Множи едноцифрен број со полна стотка до 900 и трицифрен број со едноцифрен број. Множи двоцифрен број со двоцифрен број. При делење двоцифрен со едноцифрен број, остатокот го запишува како дропка. Дели трицифрен број со едноцифрен број без остаток и со остаток. Пресметува вредност на израз со променлива за дадена вредност на променливата. Го користи редоследот на операциите во бројни изрази, со и без загради.
Стандарди за оценување
Објаснува и пресметува квадрат на број за броеви до 10.
Множи и дели броеви од 1 до 10 000 со 10 или 100.
Множи едноцифрен број со полна стотка до 900 и трицифрен број со едноцифрен број.
Множи двоцифрен број со двоцифрен број.
При делење двоцифрен со едноцифрен број, остатокот го запишува како дропка.
Дели трицифрен број со едноцифрен број без остаток и со остаток.
Пресметува вредност на израз со променлива за дадена вредност на променливата.
Го користи редоследот на операциите во бројни изрази, со и без загради.
Активности и методи
Наоѓање парови множители на 100 и примена за множење со 25.
Сечење квадрати (1x1 до 10x10) за разбирање „квадрат на број“.
Поврзување факти за множење со факти за делење.
Множење и делење со 10/100 и дискусија за промена на месната вредност.
Множење со полни десетки користејќи множење со 10.