Одредува содржатели на 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 20, 25, 50 и 100 до 1 000. Одредува броеви деливи со 2, 5, 10 и 100 до 1 000 и ги користи знаците за делител и не е делител. Ги користи признаците за деливост со 2, 5, 10 и 100 при решавање проблемски ситуации. Ги објаснува поимите множител и делител и одредува множители на двоцифрен број.
Стандарди за оценување
Одредува содржатели на 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 20, 25, 50 и 100 до 1 000.
Одредува броеви деливи со 2, 5, 10 и 100 до 1 000 и ги користи знаците за делител и не е делител.
Ги користи признаците за деливост со 2, 5, 10 и 100 при решавање проблемски ситуации.
Ги објаснува поимите множител и делител и одредува множители на двоцифрен број.
Активности и методи
Ментално решавање задачи и објаснување на стратегијата во парови.
Идентификување шеми за деливост со 2, 5, 10, 100.
Одредување делители на броеви со користење знаци за делител.
Откривање множители на број со „скокање“ (пр. за 48).
Наоѓање сите парови множители за двоцифрени броеви.