Чита негативни броеви на температурна скала или на бројна права. Поставува позитивни и негативни броеви на хоризонтална/вертикална бројна права означена со 0. Одредува цел број помеѓу два негативни броја. Го открива правилото и ја продолжува низата со негативни броеви. Споредува негативни броеви со користење на: „поголем од“, „помал од“ или „еднаков“.
Стандарди за оценување
Чита негативни броеви на температурна скала или на бројна права.
Поставува позитивни и негативни броеви на хоризонтална/вертикална бројна права означена со 0.
Одредува цел број помеѓу два негативни броја.
Го открива правилото и ја продолжува низата со негативни броеви.
Споредува негативни броеви со користење на: „поголем од“, „помал од“ или „еднаков“.
Активности и методи
Читање температури од слики со термометри и поставување на хоризонтална бројна права (-30 до 30).
Поставување извлечени картички со позитивни и негативни броеви на бројна права.
Игра во парови со поставување и споредување картички (-20 до 20) на заедничка бројна права.