Ги користи поимите поголем или помал за да спореди два броја до 30 и кажува број кој се наоѓа помеѓу нив. Ги користи поимите повеќе или помалку за споредување на групи предмети до 30. Подредува броеви до најмалку 20 на низата на броеви.
Стандарди за оценување
Ги користи поимите поголем или помал за да спореди два броја до 30 и кажува број кој се наоѓа помеѓу нив.
Ги користи поимите повеќе или помалку за споредување на групи предмети до 30.
Подредува броеви до најмалку 20 на низата на броеви.
Активности и методи
Наставникот на секој ученик му дава картичка со број помал од 20, а учениците во парови ја продолжуваат низата, усно или писмено.
Наставникот меша картички со броеви, а учениците ги собираат картичките и ги подредуваат броевите од 1 до 10, до 20.
Наставникот им задава на учениците проблемска ситуација, на пример, им дава картички со броеви и задачи (пример: „Секој нека ми покаже број што е поголем од 6 и помал од 9“).