Разликува прави од криви линии (отворена и затворена). Именува 2Д-форми и наведува сличности и разлики меѓу нив. Опишува 2Д-форми. Групира 2Д-форми според бројот на страни, по криви и прави линии. Црта и формира 2Д-форми. Изработува модели од дадени 2Д-форми. Разложува 2Д-форми во други 2Д-форми и од постојните 2Д-форми организира нови.
Стандарди за оценување
Разликува прави од криви линии (отворена и затворена).
Именува 2Д-форми и наведува сличности и разлики меѓу нив.
Опишува 2Д-форми.
Групира 2Д-форми според бројот на страни, по криви и прави линии.
Црта и формира 2Д-форми.
Изработува модели од дадени 2Д-форми.
Разложува 2Д-форми во други 2Д-форми и од постојните 2Д-форми организира нови.
Активности и методи
Учениците се движат по нацртана мрежа на подот, според инструкции кои ги добиваат од другите за да стигнат до одредена цел.
Наставникот преку визуелна презентација објаснува права и крива (отворена и затворена) линија.
Наставникот користи збирка од 2Д-форми за да ги опишува.
Учениците, поделени во групи, опишуваат 2Д-форма добиена од наставникот.
Учениците работат во парови, изработуваат модели на 2Д-форми на хартија или геотабла и ги објаснуваат еден на друг.