Елементарни настани; Дефиниција на веројатност; Условна веројатност; Независност на настани; Случајни променливи од дискретен тип; Бројни карактеристики.
Стандарди за оценување
Го објаснува поимот веројатност и пресметува со користење класична и статистичка дефиниција.
Ги објаснува поимите збир, производ на два настани и спротивен настан.
Ги изведува основните особини на веројатноста, вклучително формула за веројатност на сума на дисјунктни настани.
Објаснува условна веројатност и независност на случајни настани.
Дефинира случајна променлива од дискретен тип и нејзина распределба.
Дефинира и одредува математичко очекување и дисперзија на случајна променлива.
Активности и методи
Повторување на поимите преку примери; воочување на врската меѓу операциите со настани и множества.
Со статистичка веројатност се изведуваат аксиомите; дефинирање независност преку условна веројатност P(B|A)=P(B).
Преку примери со исто математичко очекување а различна распределба се воочува потребата за воведување на дисперзија.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →