XII (дванаесетто) — Гимназиско › ЕЛЕМЕНТИ ОД КОМБИНАТОРИКА И ВЕРОЈАТНОСТ
Веројатност
Експеримент, настан, класична веројатност.
Стандарди за оценување
- Разликува детерминиран од недетерминиран експеримент, објаснува статистичка веројатност и дефинира сигурен и невозможен настан.
- Определува множество елементарни настани и соодветни подмножества.
- Ги објаснува условите за примена на класична дефиниција на веројатност и одредува веројатност на настани при едноставни експерименти.
Активности и методи
- Преку повеќе примери да се објасни можноста случаен експеримент да биде определен со множество елементарни настани.
- Секој ученик или група да се задолжи да изведе одреден број исти експерименти со цел одредување статистичка веројатност.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт.
Отвори во MisMath AI →