XI (единаесетто) / II (втора) година — Гимназиско › КВАДРАТНИ РАВЕНКИ И РАВЕНКИ ШТО СЕ СВЕДУВААТ НА КВАДРАТНИ
Систем од една линеарна равенка со две променливи и една квадратна равенка со две променливи
Систем од линеарна и квадратна равенка со две непознати.
Стандарди за оценување
Решава систем од една линеарна равенка со две променливи и една квадратна равенка со две променливи.
Креира СТЕМ проблеми кои се сведуваат на систем една линеарна равенка со две променливи и една квадратна равенка со две променливи.
Активности и методи
Работа во мали групи: Една издавачка куќа планира тираж од 50 000 примероци на нова книга по цена од 300 денари за примерок. Со секое зголемување на тиражот за 5 000 книги, цената по примерок се намалува за 20 денари. а) Колкав тираж треба да има и по која цена треба да се продава книгата за да куќата оствари приход од 1 560 000 денари? б) Дали таа може да оствари приход од 1 600 000 денари? Објасни го својот одговор.
Решавање проблем: Јована рачно изработува накит и го продавала за 10 евра по прстен, но размислува да ја зголеми цената. Неделниот приход r (во евра) го пресметува со формулата r=250+5n+n², каде n е цената на еден прстен. Дали може да оствари приход од 500 евра? Објасни го размислувањето!
Решавање проблем: Штедач добил 3000 денари камата за сума пари орочена на една година, додал уште 17000 денари и повторно ги орочил на една година. По истекот на таа година банката му исплатила вкупно 84000 денари. Да се пресмета почетната сума пари и годишната камата.
Решавање проблем: Два раствори (0,8 g и 0,6 g натриум хлорид) се помешани и се добиени 10 литри нов раствор. Да се пресмета волуменот на секој раствор во новиот раствор, ако концентрацијата на првиот раствор е 10% повеќе.
Дискусија: Дали може да се изгради зграда со основа во форма на правоаголник со периметар 50 m и плоштина 160 m²?