XI (единаесетто) — Гимназиско › ЕЛЕМЕНТИ ОД СТЕРЕОМЕТРИЈА
Плоштина и волумен на геометриски тела
Поим и скицирање на геометриско тело; Пресеци со рамнина; Плоштина и волумен на призма, пирамида, потсечена пирамида, цилиндар, конус и потсечен конус; Сфера, топка и делови на топка — плоштина и волумен.
Стандарди за оценување
Скицира разни видови призми, пирамиди и потсечени пирамиди.
Скицира цилиндар, конус и потсечен конус, како и пресек на геометриско тело со рамнина.
Ја користи аксиомата за волумен на геометриско тело.
Пресметува плоштина и волумен на разни видови призми (по формула) и ја изведува и објаснува формулата.
Пресметува плоштина и волумен на разни видови пирамиди и потсечени пирамиди и ја објаснува точноста на формулите.
Пресметува плоштина и волумен на цилиндар, конус и потсечен конус и ја објаснува нивната точност.
Пресметува плоштина на сфера и волумен на топка и ја објаснува нивната точност.
Пресметува плоштина и волумен на калота и топкин појас (по формула).
Решава комбинирани задачи за плоштина и волумен на топка и на делови од топка.
Активности и методи
Задачи за изработка на модели на тела од хартија, стиропор и слично.
Интерпретација преку илустративно-демонстративен и лабораториски метод (презентирање модели, шеми, скици).
Изработка на паноа со цртежи на тела и формули за нивната плоштина и волумен.
Користење на техниката „измешани секвенци" за вежбање на формулите за плоштина и волумен на телата.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →