XI (единаесетто) — Гимназиско › КОНСТРУКЦИЈА НА ТРИАГОЛНИК И ЧЕТИРИАГОЛНИК
Елементарни конструктивни задачи и нивно решавање
Поим и постапка за решавање конструктивна задача; Елементарни конструктивни задачи; Етапи на решавање конструктивна задача; Конструкција на триаголник и четириаголник; Методи за решавање конструктивна задача.
Стандарди за оценување
Објаснува што е конструктивна задача и што е решение.
Конструира симетрала на отсечка и агол, нанесува отсечка на полуправа.
Конструира агол еднаков на даден агол.
Конструира права низ дадена точка што е паралелна или нормална со дадена права.
Конструира збир и разлика на две отсечки и дели отсечка во даден однос.
Изведува основни конструкции на триаголник (рамнокрак, рамностран и правоаголен).
Конструира тангента на кружница (во точка на кружница, од точка надвор од кружница, и паралелна со дадена права).
Конструира четврта геометриска пропорционала и средна геометриска пропорционала (геометриска средина).
Конструира отсечка од видот √(a² + b²) и отсечка што се гледа под даден агол.
Објаснува како се решава конструктивна задача низ нејзините етапи.
Решава елементарни конструктивни задачи за триаголник и четириаголник.
Искажува и докажува тврдења за опишана и впишана кружница на правилен многуаголник и ги конструира.
Ги применува и објаснува методот на геометриско место на точки и методот на трансформации при решавање на конструктивни задачи.
Активности и методи
Оспособување на учениците да ги анализираат барањата во задачата преку скицирање на решението.
Учениците прават претпоставки, скици и шеми, користејќи ги познатите врски меѓу елементите на фигурата за да добијат идеја за конструкција.
Инсистирање на строгост при етапите: анализа и конструкција, со давање приоритет на методот на геометриско место на точки.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →