Проширување на множеството броеви; Запишување и претставување на комплексните броеви; Еднаквост на комплексните броеви; Реален и имагинарен дел на комплексен број; Конјугирано комплексни броеви; Претставување комплексен број со вектор; Модул на комплексен број; Операции во множеството на комплексни броеви.
Стандарди за оценување
Воочува потреба од проширување на реални броеви.
Искажува дефиниција за имагинарна единица и дефиниција за комплексен број.
Идентификува реален и имагинарен дел на комплексен број.
Запишува комплексен број во алгебарска форма при даден имагинарен и реален дел.
Дефинира еднаквост на комплексни броеви и одредува реален и имагинарен дел користејќи ја дефиницијата за еднаквост.
Ја воочува врската помеѓу имагинарниот и реалниот дел на комплексен број со точка во правоаголен координатен систем.
Го објаснува поимот комплексна рамнина и претставува комплексен број на комплексна рамнина.
Го одредува имагинарниот и реалниот дел на комплексен број претставен со точка во комплексна рамнина.
Објаснува, запишува и ја воочува положбата на спротивните и конјугираните комплексни броеви во комплексната рамнина.
Претставува комплексен број со вектор и тоа го објаснува.
Искажува дефиниција и одредува модул на комплексен број.
Ја воочува врската меѓу векторското претставување на комплексен број и неговиот модул.
Собира и одзема комплексни броеви претставени векторски и искажува дефиниција за собирање и одземање во алгебарска форма.
Дефинира множење и делење на комплексен број.
Активности и методи
Користење индуктивен метод за воведување на поимот комплексен број поради неговата сложеност.
Користење цртеж за објаснување на поимот комплексен број и претставувањето на комплексна рамнина.
Внимателно избирање задачи за точна и соодветна интерпретација на поимот комплексен број и операциите со нив.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →