XI (единаесетто) — Гимназиско › ТРИГОНОМЕТРИСКИ ФУНКЦИИ ОД ОСТАР АГОЛ ВО ПРАВОАГОЛЕН ТРИАГОЛНИК
Тригонометриски функции, врски и решавање на правоаголен триаголник
Тригонометриски функции од остар агол; Врски меѓу тригонометриските функции од ист агол; Вредност на тригонометриските функции за некои агли; Решавање на правоаголен триаголник.
Стандарди за оценување
Дефинира и означува агол, елементи на агол и ги користи единиците степен и радијан.
Ја користи ознаката за единиците мерки за агол и претвора помали во поголеми единици мерки и обратно.
Дефинира синус, косинус, тангенс и котангенс од остар агол во правоаголен триаголник.
Го објаснува менувањето на тригонометриските функции кога аголот се менува од 0° до 90°.
Ја искажува, докажува и применува теоремата за комплементни агли.
Го одредува аголот ако е дадена тригонометриската функција од неговиот комплементен агол.
Упростува изрази со користење на теоремата за комплементни агли.
Ги користи во задачи вредностите на тригонометриските функции за агли од 30°, 60° и 45°.
Го одредува аголот ако е дадена вредноста на тригонометриската функција (со калкулатор) и обратно.
Вредностите на тригонометриските функции за агли од 30°, 60° и 45° ги користи при определување на вредноста на изрази со тие агли.
Ги користи врските меѓу тригонометриските функции од ист агол.
Решава правоаголен триаголник со дадени потребни елементи.
Активности и методи
Примена на техниките „сложувалка" (jigsaw) и „инсерт" (insert) за изучување на четирите тригонометриски функции.
Презентирање текстови од историјата на математиката кои го опишуваат значењето на тригонометриските функции при пресметки во астрономијата.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →