IV — Математичка анализа (изборен) › НЕОПРЕДЕЛЕН ИНТЕГРАЛ
Примитивна функција и методи на интеграција
Примитивна функција и неопределен интеграл; Метод на замена и метод на парцијална интеграција; Интегрирање на: рационални, тригонометриски и некои ирационални функции; Некои рекурзивни формули.
Стандарди за оценување
Го дефинира и објаснува поимот примитивна функција и неопределен интеграл.
Воочува дека интегрирањето е обратна операција на диференцирањето.
Ги препознава и набројува табличните интеграли и основните својства на неопределениот интеграл.
Го објаснува и користи во задачи методот на замена и методот на парцијална интеграција.
Решава интеграли од дробно рационални функции, ирационални функции и тригонометриски функции.
Изведува некои рекурзивни формули.
Активности и методи
Проверување предзнаења за извод на функција и извод од повисок ред.
Изработување таблица на интеграли на некои функции; истакнување на видно место и користење во подолг период.
Методите замена и парцијална интеграција се обработуваат претежно низ групна работа.
Анализа на секоја постапка карактеристична за група задачи од ист вид.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →