IV — Математичка анализа (изборен) › ДРОБНО РАЦИОНАЛНИ ФУНКЦИИ
Разложување на дробно рационални функции
Правилни рационални дропки и нивно претставување во вид на елементарни собироци; Метод на неопределени коефициенти.
Стандарди за оценување
- Препознава правилни рационални дропки и ги трансформира рационалните дропки од неправилни во правилни.
- Го разложува именителот на дропки во производ на множители.
- Ја воочува природата на нулите на полиномот од именителот на дробно рационалната функција.
- Го разбира методот на неопределени коефициенти и претставува дробно рационални функции во вид на елементарни собироци.
Активности и методи
- Проверување предзнаења за извод на функција и извод од повисок ред.
- Анализа на секоја постапка карактеристична за група задачи од ист вид, главно низ групна работа.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт.
Отвори во MisMath AI →