XI — Елементарна алгебра и геометрија (изборен) › СИСТЕМ КВАДРАТНИ РАВЕНКИ И РАВЕНКИ ОД КВАДРАТЕН ТИП
Решавање на нелинеарни системи и равенки
Поим за систем — геометриско толкување; Решавање на квадратни системи; Системи со вовед на нови променливи; Равенки од квадратен вид; Симетрични равенки.
Стандарди за оценување
Објаснува што е систем равенки и што е решение на систем.
Дава геометриско толкување на системот и го одредува неговиот тип.
Применува соодветен метод за решавање на систем квадратни равенки и го одредува множеството решенија.
Решава систем равенки со воведување нови променливи.
Препознава равенки од квадратен вид и воведува соодветна смена за да ги сведе на квадратна равенка.
Објаснува кои равенки се симетрични, ги разложува нивните леви страни, воведува нова променлива и го одредува множеството решенија.
Активности и методи
Дијагностицирање на подготвеноста на учениците за поимите равенка и систем равенки.
Согледување на предзнаењата за воведување смена при сведување на равенки од еден во друг вид.
Подготвување и анализирање на модели на задачи за квадратна равенка со цел подобро разбирање на процедурите за нивно решавање.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →