XI — Елементарна алгебра и геометрија (изборен) › ЕЛЕМЕНТИ ОД НАЦРТНА ГЕОМЕТРИЈА
Ортогонално проектирање и пресеци на тела
Ортогонално проектирање на две заемно нормални рамнини; Претставување на рамнина; Пресеци на тело со рамнина; Коса проекција на геометриско тело.
Стандарди за оценување
- Објаснува што се придружени проекции на точка и права и ги одредува.
- Одредува проекции и координати на точка.
- Ги објаснува заемните положби на точка и права, како и на две прави.
- Врши проекција на рамнински фигури и одредува нивна вистинска големина.
- Одредува траги на рамнина и ги објаснува заемните положби на точка, права и рамнина.
- Одредува пресеци на тело со проектирачка рамнина и пресеци на тело со рамнина.
- Одредува вистинска големина на пресечена фигура (тело со рамнина).
- Скицира геометриско тело и задава точка, права, рамнина и геометриско тело со придружени проекции.
Активности и методи
- Дијагностицирање на подготвеноста на учениците за следење на курсот (поврзување со претходни знаења од геометрија).
- Упатување на учениците на прецизност и уредност преку поседување соодветен геометриски прибор.
- Подготвување услови за цртежи на таблата или графофолија; по можност користење компјутер (електронска табла) за демонстрација на изготвување цртежи.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт.
Отвори во MisMath AI →