Поим и видови неравенства; Основни неравенства меѓу реалните броеви; Својства на апсолутна вредност на реален број; Неравенства со апсолутни вредности; Средини; Некои поважни неравенства.
Стандарди за оценување
Дефинира бројно неравенство, неравенство со променлива и идентично неравенство.
Ги согледува основните неравенства меѓу реалните броеви и ги искажува и користи својствата на апсолутните вредности.
Ги помни и ги применува средините: аритметичка, геометриска, хармониска и квадратна средина и геометриски интерпретира некои од средините.
Ги набројува методите за докажување на неравенства, а некои од нив ги користи.
Докажува неравенства меѓу средините до три броеви и го докажува неравенството на Бернули.
Ги докажува неравенствата меѓу апсолутните вредности на реалните броеви.
Прави проценка за примена на некои неравенства во докажување на алгебарски и геометриски неравенства и условни неравенства.
Активности и методи
Изработување или обезбедување постери со графички приказ за формулите за средините и за неравенството на Бернули.
Демонстрирање докази на некои неравенства и инсистирање на нивно разбирање.
Мотивирање на ученикот да ги применува неравенствата во докажување на алгебарски и геометриски неравенства.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →