Проширување и скратување на корени; коренување на производ и количник; Нормален вид на корен; Операции со корени; Рационализирање на именател во дропка; Идентитети; Упростување ирационални изрази; Ирационални равенки.
Стандарди за оценување
Сведува едноставни и посложени корени во нормален вид.
Собира, множи, дели, степенува, коренува корени во посложени задачи.
Рационализира именател на дропка во посложени задачи.
Докажува некои идентитети, меѓу кои и Лагранжовиот идентитет.
Упростува ирационални изрази со користење на претходно изучените операции со корени и идентитети.
Решава посложени ирационални равенки со и без воведување на нови променливи.
Активности и методи
Проверка на предзнаењата на ученикот за следење на темата; добиените сознанија да се користат при планирањето.
Изведување вежби на задачи и проблеми од операции со корени и упростување на ирационални изрази.
Користење цртежи и постери со формули од темата.
🤖 Интерактивно учење — Вештачката интелигенција генерира квизови, објаснувања и вежби за овој концепт. Отвори во MisMath AI →