Разликува моном, бином и полином; препознава слични и спротивни мономи. Сведува моном и полином во нормален вид и одредува степен. Врши операции собирање, одземање, множење и делење со мономи и полиноми. Составува и решава линеарни равенки со коефициенти рационални броеви.
Стандарди за оценување
Разликува моном, бином и полином; препознава слични и спротивни мономи.
Сведува моном и полином во нормален вид и одредува степен.
Врши операции собирање, одземање, множење и делење со мономи и полиноми.
Составува и решава линеарни равенки со коефициенти рационални броеви.
Активности и методи
Игра „Лавиринт од мономи и полиноми“: движење низ лавиринт преку одговарање прашања за алгебарски изрази.
Пресметување плоштина и периметар на стан со алгебарски изрази (мономи/полиноми).
Составување и решавање равенки: според модел, текстуален проблем и обратно.
Активност „Чудни светилки“: Декодирање правила и шеми на вклучување светилки,.
Решавање и моделирање проблеми од физика и биологија (брзина, потрошувачка, годови на дрво) со линеарни функции,.