VIII (осмо) Одделение › БРОЕВИ И ОПЕРАЦИИ СО БРОЕВИ
Степени и корени
Пресметува степен со основа цел број и степенов показател природен број. Ги искажува квадратите до 20x20 и кубовите до 5x5x5 и соодветните корени. Запишува броеви во научен запис (a * 10^k). Множи и дели степени со еднакви основи.
Стандарди за оценување
Пресметува степен со основа цел број и степенов показател природен број.
Ги искажува квадратите до 20x20 и кубовите до 5x5x5 и соодветните корени.
Запишува броеви во научен запис (a * 10^k).
Множи и дели степени со еднакви основи.
Активности и методи
Проценка на вредноста на квадратен или кубен корен, запишување на ливчиња и проверка со калкулатор.
Натпревар за решавање бројни изрази со степени и корени со користење на онлајн платформи за проверка.
Игра со Домино картички за поврзување математички изрази со степени и корени со нивните решенија.
Откривање правила за множење и делење степени со еднакви основи преку работа во парови со картички.
Упростување и трансформирање изрази со степени на работен лист и споделување стратегии во групи.