Чита податоци од табели и дијаграми (кружен, столбест, линиски). Собира, селектира и претставува податоци со табели на честота. Одредува мод, ранг, медијана и аритметичка средина и носи заклучоци.
Стандарди за оценување
Чита податоци од табели и дијаграми (кружен, столбест, линиски).
Собира, селектира и претставува податоци со табели на честота.
Одредува мод, ранг, медијана и аритметичка средина и носи заклучоци.
Активности и методи
Анализа на дијаграми (кружен, столбест, линиски) со техника „Коцка“ (опиши, спореди, примени...).
Составување прашања за дадени дијаграми и меѓусебно одговарање во групи.
Избор на соодветен дијаграм за дадено множество податоци (кревање картички).
Поврзување картички со податоци и соодветни статистички мерки.
Анализа на линиски дијаграми (Лига на шампиони) и изведување заклучоци.