Одредува должина, собира/одзема отсечки, црта паралелни и нормални прави. Дефинира симетрала на отсечка и агол, одредува растојание од точка до права. Препознава соседни, напоредни, накрсни, комплементни и суплементни агли.
Стандарди за оценување
Одредува должина, собира/одзема отсечки, црта паралелни и нормални прави.
Дефинира симетрала на отсечка и агол, одредува растојание од точка до права.
Препознава соседни, напоредни, накрсни, комплементни и суплементни агли.
Активности и методи
Проценка и мерење на должина на дрвени стапчиња.
Цртање паралелни и нормални прави со два триаголника во парови.
Конструкција на симетрала на отсечка и нормала од точка на права.
Мерење растојание од ученик до права (најкратко растојание) во училница.
Идентификување елементи на агли на цртеж со повеќе полуправи.