Именува 2Д-форми (вклучувајќи многуаголници до дванаесетаголник). Црта и бележи квадрат и правоаголник. Групира многуаголници според број на темиња, страни и агли. Препознава правилни и неправилни многуаголници.
Стандарди за оценување
Именува 2Д-форми (вклучувајќи многуаголници до дванаесетаголник).
Црта и бележи квадрат и правоаголник.
Групира многуаголници според број на темиња, страни и агли.
Препознава правилни и неправилни многуаголници.
Активности и методи
Формирање четириаголници на геотабла, цртање и споредување со картички со 2Д-форми.
Одделување правилни многуаголници од картички со нацртани форми.
Решавање проблемски ситуации за цртање форми со зададен број и должина на отсечки.
Цртање „летало“ (змеј) како четириаголник и негова изработка на час по ликовно.
Пронаоѓање форми со специфични својства (квадратна основа, прави агли) во групи.