Брои нанапред и наназад четирицифрени броеви во единици, десетки, стотки и илјади. Го поставува трицифрениот или четирицифрениот број на необележана бројна права. Именува цифри со месна вредност на единица, десетка, стотка, илјада. Заокружува трицифрени и четирицифрени броеви до најблиската десетка или стотка. Споредува и подредува броеви користејќи знаци > и <.
Стандарди за оценување
Брои нанапред и наназад четирицифрени броеви во единици, десетки, стотки и илјади.
Го поставува трицифрениот или четирицифрениот број на необележана бројна права.
Именува цифри со месна вредност на единица, десетка, стотка, илјада.
Заокружува трицифрени и четирицифрени броеви до најблиската десетка или стотка.
Споредува и подредува броеви користејќи знаци > и <.
Активности и методи
Секој ученик извлекува карта со трицифрен број и со штипка ја закачува на соодветно место на жица за простирање облека со означени стотки.
Игра Бинго: учениците заокружуваат прочитани четирицифрени броеви на своите ливчиња.
Одредување местоположба на трицифрени и четирицифрени броеви на хартиена лента (бројна права).
Игра со добројување: броење нанапред и наназад по 100, 200... 1 000 по кажан почетен број.
Формирање сопствени бројни низи и нивна размена со другарче за продолжување и проверка.