Собира и одзема стотки и трицифрени броеви со полни стотки/десетки. Собира трицифрен број со едноцифрен, двоцифрен и трицифрен број (со и без премин). Одзема едноцифрен, двоцифрен и трицифрен број од трицифрен број. Го применува комутативното својство за добивање на полни десетки или стотки при собирање. Го одредува бројот кој недостасува при собирање и одземање.
Стандарди за оценување
Собира и одзема стотки и трицифрени броеви со полни стотки/десетки.
Собира трицифрен број со едноцифрен, двоцифрен и трицифрен број (со и без премин).
Одзема едноцифрен, двоцифрен и трицифрен број од трицифрен број.
Го применува комутативното својство за добивање на полни десетки или стотки при собирање.
Го одредува бројот кој недостасува при собирање и одземање.
Активности и методи
Кревање картички со полни стотки кои со даден број прават збир 1000.
Извлекување и собирање трицифрени броеви со полни стотки во парови.
Игра „Јас имам..., кој има...?“ за собирање со 10 и 100.
Групно решавање задачи со собирање (со и без премин) и споделување стратегии.
Пресметување збир на повеќе броеви со користење на комутативно својство.