Чита податоци од листи, табели, пиктограми (симболи за 2, 4, 5, 10 податоци) и дијаграми (Венов, Керолов и столбест). Одговара на прашања во врска со податоците.
Стандарди за оценување
Чита податоци од листи, табели, пиктограми (симболи за 2, 4, 5, 10 податоци) и дијаграми (Венов, Керолов и столбест).
Одговара на прашања во врска со податоците.
Активности и методи
Читање податоци од табели со два критериума (пол, тежина) и одговарање прашања.
Читање податоци од пиктограм и одговарање на прашања (најмногу, најмалку).
Дискусија за соодветноста на различни дијаграми за дадени податоци.
Групирање на учениците во Венови дијаграми во дворот според договорени карактеристики.